ТАВ Македонија најавува нови директни летови од Скопје кон шест дестинации

76

ТАВ Македонија најавува нови директни авиолинии до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака, за кои авиобилетите се веќе во продажба, и Келн, притоа зајакнувајќи ја воздушната поврзаност со клучни европски градови и позицијата на Меѓународниот Аеродром Скопје како регионален туристички центар.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост најавува нови возбудливи директни авиолинии до главни европски дестинации: Стокхолм (Шведска), Бари (Италија), Мадрид (Шпанија), Прага (Чешка), Келн (Германија) и претходно најавената Ларнака (Кипар), на кои ќе сообраќа Визер.

Ова претставува чекор напред во подобрувањето на воздушната поврзаност на Меѓународниот Аеродром Скопје и патниците од неговото пошироко подрачје.

Со овие нови дополнувања, Меѓународниот Аеродром Скопје и натаму се позиционира како растечки регионален центар, нудејќи им на патниците поширок избор на директни летови до дестинации за одмор и бизнис. Новите дестинации, исто така, придонесуваат кон мисијата на ТАВ Македонија за олеснување на мобилноста и пристапноста, а воедно и одржување на највисоките стандарди за безбедност, ефикасност и патничко искуство.

„Овие нови авиолинии ја демонстрираат посветеноста на ТАВ Македонија за проширување на поврзаноста и можностите за патување. Обезбедувањето дестинации како Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака – особено новите пазари – бара долгорочни преговори и тесна соработка со авиокомпаниите и туристичкиот сектор. Како аеродромски оператор со визија и стратегија да го направи Меѓународниот Аеродром Скопје регионален центар, со огромната поддршка од Владата, и нашата програма за стимулации, нашата цел е привлекување авиопревозници, особено за воведување летови до популарни дестинации за одмор. Овие нови авиолинии отвораат нови можности за туризам, вклучувајќи летни одмори и краток одмор во европски метрополи, со што се зголемува одржливиот сообраќај и се зајакнува нашето присуство на европската туристичка мапа. Конечно, ваквите развојни активности го зголемуваат и бројот на странски туристи во земјава преку овие авиолинии, придонесувајќи за одржлив раст на сообраќајот,“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзуваат патниците со различни возбудливи дестинации: Стокхолм за скандинавската култура, Бари како порта кон Јужна Италија и јадранскиот брег, Мадрид како клучен европски центар за бизнис и рекреација, Прага со својот историски шарм на Централна Европа, Келн, енергичен град на Рајна, познат по својата богата историја и живописна култура, и Ларнака, популарна дестинација на медитеранските плажи во текот на целата година.

Билетите се веќе во продажба на веб-страницата на Визер за Стокхолм, Бари и Мадрид со по 3 неделни летови, Прага и Ларнака со по 2 лета неделно. Летовите до овие нови авиолинии ќе стартуваат со почетокот на зимската сезона 2025/2026, т.е. крајот на октомври, почетокот на ноември и декември, соодветно, со што ќе им се овозможи на патниците на скопскиот аеродром поголем пристап до клучните културни, економски и туристички центри низ Европа, со Визер како нискобуџетна авиокомпанија која нуди  комплетни услуги.

Патниците можат да ги резервираат своите летови директно преку веб-страницата на Визер, https://www.wizzair.com/en-gb.

ИЗДВОЕНИ