понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОД ШУТКА ДО ДОМА: ГРУБИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР СО 24-ЧАСОВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ОД ШУТКА ДО ДОМА: ГРУБИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР СО 24-ЧАСОВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

280

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука со која на Артан Груби му е заменета мерката притвор со куќен притвор со 24-часовен надзор од полиција. Одлуката е донесена по неговото произнесување пред судот, откако претходно беше на распит во ОЈО Скопје. Груби кој сам се појави на граница и се предаде на органите на прогон утрово веднаш беше спроведен во КПУ „Скопје“ – Шутка за издржување на претходно определениот притвор.

-Во текот на денот, одбраната поднела предлог за замена на притворот со поблага мерка, кој бил доставен на мислење до Основното јавно обвинителство. Обвинителството доставило позитивно мислење и на расправата предложило определување куќен притвор, објаснија од кривичен по кусото произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка.

Судот, постапувајќи по предлогот, одлучил осомничениот да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор од полицијата. Дополнително, му е одземена патната исправа и изречена забрана за издавање нов документ за преминување на државната граница.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

ИЗДВОЕНИ