вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од сервис за коли во дискотека, осомничен газдата на објектот каде функционирала...

Од сервис за коли во дискотека, осомничен газдата на објектот каде функционирала „Пулс“

4600

Основното јавно обвинителство Кочани му поднесе кривична пријава и на сопственикот на објектот каде што со години нелегално функционирала дискотеката Пулс. Осомничен е  како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО. Објектот каде во пожар загинаа 62 млади луѓе а околу 200 останаа со повреди, претходно бил сервис за автомобили. Во договор со сопственикот на Пулс, газдата на објектот импровизирал со градежни работи и објектот од сервис се пренаменил во кабаре.

„Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре“ информираат од ОЈО

Според Правилникот за урбанистичко планирање ,Г3 е наменски објект за сервиси за одржување и поправка на опрема и индустриски производи како што се
сервиси за автомобили и други возила, машини, алати и инструменти, хемиско чистење. Според истрагата дискотеката немала паркинг и пристап во случај на несреќа како што се случи таа на 16 март. Со последното проширување истрагата опфаќа 69 осомничени. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ