Од септември ќе се зголеми производството на нафта

16

ОПЕК+ постигна прелиминарен договор за зголемување на производството на нафта за 548.000 барели дневно од септември, соопштија светските медиуми.

Во време кога САД го зголемуваат притисокот врз Индија да престане да купува руска нафта како дел од напорите на Вашингтон да ја принуди Москва на преговарачка маса за постигнување мировен договор со Украина, објави „Ројтерс“.

ОПЕК+ вклучува 10 производители на нафта кои не се членки на ОПЕК, пред сè Русија и Казахстан.

Доколку се постигне согласност, овој потег би означил целосен пресврт од најголемиот пакет намалувања на производството, соопшти агенцијата.

Групата, која произведува околу половина од светската нафта, го намалува производството во последните неколку години за да ги поддржи цените на нафтата.

ОПЕК го промени курсот оваа година во обид да го врати пазарниот удел, делумно поттикнат од повиците на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за зголемување на производството.

ИЗДВОЕНИ