Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ќе се сретне со својот тим за национална безбедност во Собата за кризни ситуации на Белата куќа поради војната меѓу Израел и Иран, изјавија два извори за порталот „Аксиос“ (Axios).
Трамп се врати рано од самитот на Г7 за да се фокусира на Иран и им рече на новинарите за време на ноќниот лет на „Ерфорс уан“ (Air Force One) дека не е заинтересиран за „прекин на огнот“, туку за „вистински крај“ на војната и нуклеарната програма на Иран.
Белата куќа ја разгледува можноста за директна средба со Иранците оваа недела, но Трамп рече дека тоа ќе зависи од тоа што ќе се случи кога ќе се врати во Вашингтон.
Израелските власти сè уште веруваат дека САД веројатно ќе влезат во војната во одреден момент за да ги бомбардираат подземните постројки за збогатување ураниум на Иран.