Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, потврди дека нема да дојде до нова промена кога е во прашање возачкиот кадар.

Цунода седна во болидот на Ред Бул по Големата награда на Кина (го замени Лиам Лосон), но во деветте трки оттогаш собра само седум бода. Поради лошите резултати, Цунода е под зголемен притисок од медиумите, особено бидејќи Исак Хаџар импресионира со Рејсинг Булс, додека Лосон сè повеќе се појавува како сериозен кандидат за враќање. Сепак, Хелмут Марко изјави за „Скај Дојчланд“ дека Ред Бул нема намера да прави уште една промена и дека одлуката да се замени Лосон била исправна.

  • Промената на возачот сега нема смисла. Постапивме апсолутно правилно со Лосон, бидејќи во тој момент беше целосно исцрпен. Не мислам дека можеше да се држи покрај Макс, истакна Марко.

 

ИЗДВОЕНИ