
Париската катедрала Нотр Дам од повторното отворање во декември минатата година ја посетиле повеќе од шест милиони луѓе, пренеса денеска француските медиуми.
Катедралата ги отвори своите врати кон крајот на 2024 година по деталната реставрација по пожарот во кој беше оштетена пет години претходно, а како што а наведе ректорот на катедралата, монсињор Оливие Рибадо Дима, во моментот е најпосетуваниот споменик во Франција, пренесува весникот „Трибин диманш“.
Катедралата Нотр Дам од 16 декември минатата година до 30 јуни годинава ја посетиле 6,02 милиони луѓе, што е во просек 35.000 посетители дневно.