среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од понеделник Балканот и Македонија на удар на студен бран – пад...

Од понеделник Балканот и Македонија на удар на студен бран – пад на температурите и можен снег на некои места

73

Од понеделник (9.02) започнува изразено заладување, при што студен бран од североисток ќе го зафати Балканот и Македонија.

Ќе има осетен пад на температурите, а ќе дува и засилен северен/североисточен ветер, што дополнително ќе го засили чувството на студ.

Температурите наутро ќе се спуштаат значително, а можно е и појава на снег на планините, а локално и во дел од пониските места (ќе се следи).

Заладувањето ќе се чувствува најмногу во втората половина од неделата, а состојбата ќе се ажурира со нови информации.

Скопје: Со заладувањето од понеделник (9.02) се очекува пад на температурите и засилен северен ветер. Локално се можни и слаби врнежи, а ќе се следи и можноста за краткотрајно провејување на снег.

ИЗДВОЕНИ