среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од петмина осомничени, најден еден, продавале холандска стока

Од петмина осомничени, најден еден, продавале холандска стока

Се шири истрагата за Грчец

865

Од петмина осомничени припадници на криминалната група Грчец, полицијата приведе само еден, а другите се недостапни. Во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција за спречување набавка и растурање дрога, по добро познатиот „дилерски“ канал Холандија – Македонија, осомничените се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Доказите што, по пресудата за првата група од кланот Грчец, беа оспорувани од одбраната во текот на судењето, и овој пат се добиени преку скај-комуникацијата, а полицијата извршила претреси на три локации.

– Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во два наврата организирале неовластена набавка, пренесување и продажба на шест килограми наркотична дрога  кокаин од Кралството Холандија до Македонија. Наркотичната дрога била наменета за понатамошна неовластена продажба во државава. Осомничените и сега починатите заеднички презеле инкриминирачки активности, дејствувајќи секој во својата улога во делот на неовластената набавка на наркотичната дрога, организирањето на нејзиното пренесување и складирањето на соодветна скриена локација, како и нејзината распределба заради понатамошна неовластена продажба – пишува во информацијата од ОЈОГОКК.

На единствениот уапсен во новата полициска акција за криминалната група од Грчец му е одреден затворски притвор. (П. А).

ИЗДВОЕНИ