четврток, февруари 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Oд октомври Визер повторно ќе лета од Скопје до Ларнака

Oд октомври Визер повторно ќе лета од Скопје до Ларнака

164

Од 31 октомври 2025 година, Скопје ќе добие нова директна авиолинија до Ларнака, Кипар – објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на својот официјален профил на Фејсбук.

„На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Николоски.

Тој додаде дека субвенциите и владините политики за развој на нови воздушни линии веќе даваат резултати и најави продолжување на напорите за унапредување на авиосообраќајот во земјата.

 

ИЗДВОЕНИ