Дегустација на квалитетни домашни производи од сите региони на Македонија, богата музичка програма и запознавање со занаетчиски производи ќе понуди настанот „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“ што утре и в недела, ќе се одржи во паркот „Авионче“, со почеток од 11:00 часот.
Од Општина Аеродром информираат дека овој фестивал на храната, занаетчиството и традицијата е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.