Од недела започнува со работа системот „Безбеден град“, новиот автоматизиран механизам за контрола на сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информира дека дневно над 100 граѓани ги ажурираат своите податоци, што е законска обврска за сите возачи. Системот ќе регистрира прекршоци како брзо возење, минување на црвено светло, истечена регистрација и непрописно паркирање, со казни од 15 до 500 евра. Казните платени во рок од осум дена ќе се намалуваат за 50 отсто, по што следува наплата на целосниот износ. Надлежните потврдуваат дека софтверот е целосно тестиран, а најавени се и полициски возила со мобилни камери кои ќе патролираат низ државата.












