ЈП за државни патишта има инкасирано 1,9 милијарди денари (30,89  милиони евра) од наплата на патарина во првите 6 месеци од годинава. Во однос на истиот период лани, наплатата е зголемена за 78 милиони денари.

Со цел да го олесни поминувањето на возилата на наплатните рампи, ЈПДП ќе направи мрежа на места каде што ќе се продаваат, дистрибуираат и ќе се врши наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (ТАГ). Во моментов единствено место е просториите на јавното претпријатие.

За таа цел вчера е објавен повикот кој содржи прилози за техничка спецификација на микробранови транспондери (ТАГ) за електронска наплата на патарини, како и за техничка специкација на апликативниот софтвер.

– За да може да им се обезбеди на корисниците на патот да ја користат услугата да платат патарина без застанување потребно е да се набават микробранови транспондери (ТАГ) со минимални технички карактеристики, пропишани во повикот. Секое правно лице со кое ќе се потпише договор треба да обезбеди специјализиран апликативен софтвер за овозможување и следење на услугите кои се предмет на договорот. Апликативниот софтвер треба да овозможи повеќе функционалности меѓу кои и можност електронските уреди за наплата на патарина (ТАГ) купени преку мрежата на трети страни да се активираат преку истиот со слободен избор на видови на плаќање, овозможување на плаќање, контрола и управување. Треба да биде изработен како модерно веб решение, достапно преку било кој модерен веб пребарувач, како и да обезбеди целосна интеграција со постоечкиот систем за наплата на патарини на договорниот орган – се наведува во повикот.

При користење на ТАГ, возилото само ја намалува брзината на возење при што рампата автоматски се отвара и на тој начин се намалуваат злоупотребите од страна на инкасантите и возачите при наплата на патарината.

Електронски систем за наплата на патарините во државава е воведен од јули 2019 година на наплатните станици Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец. На Коридорот 8 има електронска наплата од 4 април  наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април минатата година, а Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна.

Јавното претпријатие за државни патишта најави и изработка на проектна документација за затворен систем за електронска наплата на патарина на Коридор 8, а веќе изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата.

ИЗДВОЕНИ