EPA/FRANCISCO GUASCO

Поранешната француска тенисерка Каролина Гарсија, објави дека одбила профитабилна понуда од обложувалница за спонзорство за нејзиниот поткаст.

Француската тенисерка, која е освојувачка на 11. ВТА-титули, моментално има свој поткаст наречен „Тенис инсајдер клаб“, каде што гостуваат познати имиња од светот на тенисот.

Еден познат бренд за обложување ѝ понуди 230.000 евра за да стане спонзор на поткастот, но полуфиналистката на Отвореното првенство на САД во 2022 година одби од морални причини.

„Ова е сериозна сума пари, особено за независна спортска програма и за неодамна пензионирана тенисерка“, напиша 32-годишната Гарсија на „Инстаграм“.

„Во изминатите две години, во разговорите со играчи, тренери, агенти, родители, една тема секогаш се истакнуваше: обложувањето како еден од најголемите извори на притисок, злоупотреба и омраза во современите спортови.

Не сакам мојот поткаст да придонесува, дури ни индиректно, кон создавањето зависност и уништувањето на животот“, рече Французинката.

 

ИЗДВОЕНИ