„Од #MOБ за Скопје“ е насловот на уникатниот гала-концертот што се одржа вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ) во присуство на голем број љубители на класичната музика.

Концертот е во чест на 200-годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски,. Присутните имаа можност да ги слушнат најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Овој концерт е организиран во соработка со австриската амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор, а беше директно пренесуван на каналот на МРТ1.

Задоволната публика ги  награди изведувачите со бурен аплауз, а на бис беа изведени „На убавиот син Дунав“, „Радецки марш“ и „Јовано Јованке“.

ИЗДВОЕНИ