Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова разговараат за воведувањето на новата авиолинија Охрид – Братислава и развојот на економските и туристичките врски меѓу двете земји.

Линијата, која ќе започне да сообраќа од март преку авиокомпанијата Визер, ќе овозможи подобра поврзаност и ќе го олесни движењето на туристи и бизнисмени.

– Ова е значаен чекор кон унапредување на транспортната инфраструктура и економската соработка. Владата посветува особено внимание на развојот на ависобраќајот, а новата линија ќе ги приближи економските врски меѓу нашите земји – истакна Николоски.

На средбата беше разговарано и за зајакнување на трговската соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима. Двајцата соговорници ја истакнаа потребата од интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес. Николоски нагласи дека државата е во силен инвестициски циклус, со реализација на капитални проекти со регионална димензија кои придонесуваат за развој на економијата и модернизација на транспортната инфраструктура.

Со новата авиолинија, Битола и Охрид ќе добијат директна воздушна врска со главниот град на Словачка, што се очекува да придонесе за поголем туристички промет и развој на бизнис секторот во регионот.

ИЗДВОЕНИ