Од Левица реагираат, зошто нови автобуси за приватните превозници, а не за ЈСП?

Најавата на новиот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе почнат да возат 55 нови автобуси на приватните превозници, веднаш наиде на критика од партијата Левица. Тие прашуваат зошто на Орце Ѓорѓиевски и на советниците на ВМРО-ДПМНЕ приоритет им е набавка на нови автобуси за приватните превозници, наместо за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.  – Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и за политички маркетинг – децидни се од Левица. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во петокот најави дека од денеска 55 приватни автобуси ќе сообраќаат низ Скопје, до Нова година уште 20 приватни, а во март со поддршка на Владата ќе се набават нови 80 автобуси за Скопје и 40 за останатите градови во државата каде има јавен превоз

380
default

Најавата на новиот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе почнат да возат 55 нови автобуси на приватните превозници, веднаш наиде на критика од партијата Левица.

Тие прашуваат зошто на Орце Ѓорѓиевски и на советниците на ВМРО-ДПМНЕ приоритет им е набавка на нови автобуси за приватните превозници, наместо за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

– Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаше за набавка на нови екоавтобуси, поради што јавниот превоз колабираше, главниот град беше во хаос. Денес, кога ја имаат целата власт, се обидуваат да изигруваат спасители и најавуваат 55 автобуси од приватници, наместо системско јакнење на ЈСП – велат од Левица.

Додаваат дека тие биле против купување нови автобуси, а сега, како што велат, носат импровизирани решенија.

Сметаат дека истиот како што го нарекуваат двоен стандард го има и во ЈП „Комунална хигиена“.

– Скопје тонеше во смет поради нивните блокади, а сега се сликаат со метли како да го чистат туѓиот неред. Дали ова е прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија? – прашуваат од Левица.

Од партијата најавуваат дека нивните градски советници ќе се спротивстават на секоја одлука која ќе го приоретизизира приватниот, пред јавниот интерес и нема да дозволат дополнително уништување на јавните претпријатија.

– Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и за политички маркетинг – децидни се од Левица.

Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски во петокот најави дека од  денеска 55 приватни автобуси ќе сообраќаат низ Скопје, до Нова година уште 20 приватни, а во март, со поддршка на Владата, ќе се набават нови 80 автобуси за Скопје и 40 за останатите градови во државата каде што има јавен превоз.

Министерството за транспорт, на 17 јуни годинава, го распиша тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, но тој беше поништен бидејќи само една компанија доставила понуда, но и таа не ги исполнувала критериумите наведени во него.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ