Фудбалскиот клуб Лацио негираше дека има финансиски проблеми, како што објавија некои италијански медиуми, кои тврдат дека римскиот клуб нема да може да доведе нови играчи во летниот преоден рок.

  • Во врска со вестите објавени денес од некои медиуми на погрешен начин за економската и финансиската состојба на Лацио, сметаме дека е потребно да разјасниме дека нема причина за загриженост. Лацио има свои ресурси и консолидирана управувачка структура, која се справува со секој проблем јасно, одговорно и ригорозно повеќе од дваесет години. Економската и финансиската стабилност и одржливост на нашиот спортски проект отсекогаш биле столбовите врз кои се темели идентитетот на Лацио, се вели во соопштението на клубот.

Како што објави претходно весникот „Кориере дело Спорт“, Лацио наводно се соочува со забрана за трансфери во летниот преоден рок бидејќи, за време на мониторингот на Италијанската фудбалска федерација во март, не успеа да исполни три параметри: ликвидност, трошоци и долг.

 

ИЗДВОЕНИ