Шумското претпријатие планира, според двете програми – едната за обезбедување проста репродукција и другата за проширена репродукција, да се пошумат над 500 хектари во масовни акции, кои ќе се реализираат до крајот на оваа и во текот на наредната година. Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, изјави за весникот ВЕЧЕР дека целта им е годинава да бидат насадени од два до три милиони садници.
Освен обврските што ги има по овие две програми, шумското претпријатие ќе продолжи и со проектот со УНДП за пошумување, при што годинава ќе се садат садници на три локации, како и со извидници, еколошки иницијативи и слично, а ќе се продолжи и со проектот „Сончева гора“.
– Како организатори на „Сончева гора“, годинава треба да посадиме 65 илјади садници, затоа што во пролетната акција на „Генералка викенд“ беа собрани 650 илјади килограми отпад. Акцијата почна во 2022 година и во изминативе три години од оваа соработка, насадени се 125 илјади садници, сите посветени на волонтерите во „Генералка викенд“ – вели Гордана Софија од „Мен енд маунтен“
Со садење садници на еден хектар опожарена површина во атарот на скопското село Кучково, денеска започна есенската еколошка акција на пошумување во Македонија, во организација на ЈП „национални шуми“. Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, изјави за весникот ВЕЧЕР дека целта им е годинава да бидат насадени од два до три милиони садници.
– Минатата година наследивме околу 800 илјади садници, а планот ни е годинава да произведеме и да насадиме од два до три милиони садници. Почнавме во Кучково, каде што садевме ние, тимот од „Национални шуми“, со вработените и со советниците од Општина Ѓорче Петров, предводени од градоначалникот Александар Стојкоски, кому му го ветивме ова пошумување со цел да се обнови природата по пожарот – вели Михаилов.
Според генералниот директор на ЈП „Национални шуми“, Здравко Трајанов, шумското претпријатие планира, според двете програми – едната за обезбедување на проста репродукција и другата за проширена репродукција, да се пошумат над 500 хектари во масовни акции, кои ќе се реализираат до крајот на оваа и во текот на наредната година.
– Со програмата за проста репродукција, за која од буџетот на нашето претпријатие се предвидени 128 милиони денари, ќе садиме на површини што се загубени поради сеча на дрвната маса. Со втората програма за проширена репродукција, за која од државниот буџет се планирани 27 милиони денари, имаме обврска да пошумиме површини што се загубени во пожари. Овие средства ги добиваме преку Министерството за финансии, кое ни ги префрла по завршена работа – вели Трајанов.
Освен обврските што ги има по овие две програми, шумското претпријатие ќе продолжи и со проектот со УНДП за пошумување, при што годинава ќе се садат садници на три локации.
– Продолжуваме со УНДП и со пошумувањето заедно со општествено одговорните компании што ги обезбедуваат садниците, а ние површините за садење. Ја продолжуваме и соработката со извидниците, продолжуваме и со еколошките иницијативи и слично, како и со проектот „Сончева гора“. Од понеделник ќе имаме појасна слика за локациите каде ќе се пошумува – вели заменик-директорот Михаилов.
„Мен енд маунтен“, која е организатор на големата еколошка акција „Генералка викенд“, за реализација на проектот „Сончева гора“ за пошумување, има потпишано 10-годишен меморандум за соработка со ЈП „Национални шуми“ и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, според кој за секои 10 килограми собран отпад во „Генералка викенд“ се посветува и се пошумува со едно дрво од програмата за пошумување.
– Како организатори на „Сончева гора“, годинава треба да насадиме 65 илјади садници, затоа што во пролетната акција на „Генерална викенд“ беа собрани 650 илјади килограми отпад. Акцијата почна во 2022 година и во изминативе три години од оваа соработка, насадени се 125 илјади садници, сите посветени на волонтерите во „Генералка викенд“ – вели Гордана Софија од „Мен енд маунтен“.
Со членот 94 од Законот за шуми, регулиран е начинот на издвојување и користење на средствата за проста репродукција на шумите. Средства за проста репродукција на шуми издвојуваат субјектите што стопанисуваат со шумите во државна сопственост, во висина од 10 % од вредноста на исеченото дрво на франко камионски пат во шума. Овие средства се наменски и се користат за одгледување и заштита на постојните шуми, за изградба на шумски патишта, за техничко опремување заради вршење работи за заштита на шумите и изработка на планови за стопанисување со шумите.
Согласно со член 95 од Законот за шуми, за работите на проширена репродукција на шуми средства обезбедуваат: субјектите што стопанисуваат со шумите во државна сопственост, во висина од 3 % од вредноста на исеченото дрво на франко камионски пат; сопствениците на шуми во приватна сопственост, во висина од 3 % од вредноста на исеченото дрво на франко камионски пат, како и правните субјекти што вршат промет на дрво во висина од 3 % од вредноста на продаденото дрво и од буџетот на РМ. Средствата за проширена репродукција на шумите се користат според годишна програма што ја донесува Владата.
(С. Бл.)