Од филозофирање  и гола реторика народот нема фајде!

66

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да постапи за дивоградбата во Чаир, за која тврди дека е без градежна дозвола.

– Таа има ингеренции, ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува. Бидејќи од филозофирање и гола реторика народот нема фајде – истакна Мицкоски.

Вчера, Арсовска, преку пренос во живо на социјалните мрежи, вршеше инспекција на терен во Чаир за да ги лоцира дивоградбите и ги повикуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски, да излезат на терен и да постапат, оти градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, дозволил да никне дивоградба на државно земјиште во Чаир.

 

ИЗДВОЕНИ