Главните индикатори за порастот на приходите на Агенцијата се: зголемување на бројот на членови во вториот и третиот пензиски столб, од чии уплати се наплаќа 0,7 проценти како надомест за Агенцијата и зголемување на просечната бруто плата во државава

 

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади даде поддршка за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) во 2024 година и финансиски извештаи за 2024 година.

Според извештајот, приходите на Агенцијата во 2024 година бележат пораст од околу 15 проценти во споредба со претходната година. Главните индикатори за порастот на приходите на Агенцијата се: зголемување на бројот на членови во вториот и третиот пензиски столб, од чии уплати се наплаќа 0,7 проценти како надомест за Агенцијата и зголемување на просечната бруто плата во државава. Врз основа на „Приходи од надоместоци” во 2024 година се остварени вкупно 116.470.157 денари.

Во 2024 година, согласно член 8 од Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд, Агенцијата испратила вкупно 4.271 писмени известувања до лица кои се времено распределени во задолжителен пензиски фонд.

Минатата година, од еден во друг задолжителен пензиски фонд, преминале вкупно 15.765 члена.

 

ИЗДВОЕНИ