Од две градинки правиме една бидејќи немаме негувателки и воспитувачки!

183

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција се пожали дека Владата веќе 11 месеци не давала одобрение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките што се во надлежност на Општината, иако се соочуваат со недостаток на персонал.

Соочени сме со тоа од две градинки да правиме една бидејќи немаме персонал, затоа што Владата и по една година не најде решение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки. Ова значи дека ние доколку сакаме да платиме негувателки или воспитувачки или доколку родителите сакаат да платат, не можат да работат бидејќи немаат лиценца, а тоа Владата, еве, веќе 11 месеци го нема решено – истакна Јакимовски

 

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција се пожали дека Владата веќе 11 месеци не давала одобрение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките што се во надлежност на Општината, иако се соочуваат со недостаток на персонал.

Тој истакна дека изминатата година од градинката „Орце Николов“ во пензија се заминати осум негувателки, од градинката „Распеана младост“ – шест, додека од „Пролет“ – пет негувателки. 

– Соочени сме со тоа од две градинки да правиме една бидејќи немаме персонал, затоа што Владата и по една година не најде решение за издавање лиценци за негувателки и воспитувачки. Ова значи дека ние доколку сакаме да платиме негувателки или воспитувачки или доколку родителите сакаат да платат, не можат да работат бидејќи немаат лиценца, а тоа Владата, еве, веќе 11 месеци го нема решено – истакна Јакимовски.

Тој како куриозитет го изнесе податокот дека минатата година на 3 декември, Министерството за финансии одобрило пет вработувања со важност до 31 декември, а од Министерство за социјална политика, демографија и млади им биле доставени дури на 3 февруари.

– Истите овие барања ги поднесовме повторно и замислете, одбиени сме, иако тие пари се планирани од буџетот на државата – вели Јакимовски.

Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи доставило допис до Општина Карпош со кој се барало да бидат доставени легализираните градби во општината, по што Јакимовски упати прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дали такво писмо е испратено и до Општина Чаир.

– Министерот за внатрешни работи ни има доставено допис со кој бара да му испратиме сѐ што имаме легализирано на потегот од клубот АБЦ до крстосницата со булевар „8 Септември“. Имам јавно да го прашам – дали вакво писмо, министре, имате доставено до Општина Чаир или евентуално во вашиот Аеродром вакви писма испраќате? Замислете, на утрешната седница на Влада има точка на дневен ред да се одземе спортската сала „Партизан 4“. Па сега имам повторно да прашам – Има ли нешто да одземете од Општина Чаир? Бараки земате од Карпош, сала земате од Карпош, не дозволувате ниту еден човек да се вработи во градинките каде што има зголемен број деца – реaгираше Јакимовски.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ