Од денес започнува обврската за зимска опрема во вашите возила. Ако до пред неколку години зимската опрема беше задолжителна само надвор од населените места, веќе неколку години законот кажува дека морате да имате зимска опрема дури и ако не излегувате од град.

Под зимска опрема за вашето возило се подразбира:

  • Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри или
  •  Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни помагала (синџири за снег).

Доколку вашето возило има погон на сите четири тркала, тогаш опремата е:

  • Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри или
  • Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни синџири за снег.
  • Ако имаат постојан погон на четири тркала, синџирите се поставуваат на задната осовина.
  • Ако имаат преклоплив погон, тогаш синџирите се поставуваат најмалку на постојано вклучената осовина.

 

ИЗДВОЕНИ