Спој на пагански обичаи, современа сатира и македонски непокор!
По повод одржувањето на годинашното издание на „Вевчанскиот карневал 2026“, една од највпечатливите и најстарите културни манифестации во Македонија и регионот, во Скопје се одржа прес-конференцијата која предизвика заинтересираност кај новинарите. Пресот го водеше Антонио Димитриевски, а во присуство и на Градоначалникот на Вевчани.
Во самото село Вевчани, годината не почнува со календарот, туку со Свети Васиља. Со ритамот на тапаните, со писокот на зурлите, со смеата што е истовремено и шега и порака. Карневалот има силна социјална и културна улога. Тој претставува простор каде што народот јавно ги изразува своите ставови, грижи и размислувања, но на духовит начин, преку маските.
Во овој период, маските стануваат средство за слобода на изразување, а смеата – начин да се надмине секојдневното сивило.Во текот на карневалските денови туристите и мешатаните меѓу останатите со своите хитови ќе ги забавуваат популарните: Благоја Грујовски, Лозано, Влатко и Златко Миладиноски, Оркестарот со зурли и тапани, “Пука козметика“…. (Д.М.)












