За облеката која е наменета за пазарот на Европската унија, од 2027 година би можеле да бидат воведени еврпски пасоши како доказ за нејзиното потекло, кој ќе се однесува на податоците кои потрошувачите ќе можат да ги видат со скенирање на QR кодови или на електронски ознаки, пренесе денеска „Ројтерс“.
„Со скенирање на QR кодот, потрошувачите ќе можат да ја проверат вистинитоста на на тврењата наведени на модниот бренд за „зелено“, односно еколошко потекло на одредено парче облека.
Дигиталните пасоши ќе им кажуваат на потрошувачите од што е изработена облеката, колку енергија, хемикалии и вода се користени за нејзината изработка, како и кој учествувал во секоја фаза на нејзиното производство.
Добавувачите на текстил од Бангладеш, вториот најголем светски извезувач на облека, можеби ќе мора да имплеметира почетна верзија на дигиталниот зелен пасош за облека која се извезува на европскиот пазар веќе од 2027 година, покажува анализата на Истражувачката служба на Европскиот парламент.