Од 1 јули до 31 август, на државните сообраќајници во Македонија стапува на сила летен режим на сообраќај, кој го ограничува движењето на тешки камиони со тежина поголема од 15 тони, во текот на викендите и во денови со исклучително високи температури.
Ограничувањето ќе биде активно во следните периоди: – петок од 17:00 – 22:00 часот, – сабота од 09:00 до 18:00 часот и – недела од 09:00 до 22:00 часот.
Дополнително, на автопатот А2, на релацијата Скопје – Охрид – Скопје (важи до 1 септември), се забранува сообраќање на товарни возила со вкупна маса над 7,5 тони за време на викендите, според следниот распоред: – петок од 15:00 – 22:00 часот, – сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и – недела од 07:00 до 22:00 часот.