
Акциите на италијанската компанија „Вижн тек“ пораснаа за 28 проценти откако францускиот претседател, Емануел Макрон, ги носеше нејзините очилата за сонце на Светскиот економски форум во Давос. Пазарната вредност на компанијата порасна за околу 4,1 милиони долари, пишува „Форбс“.
Станува збор за пилотскиот модел „пацифик Ц 01 дабл голд“, од брендот „хенри џулиен“, кој е во сопственост на „Вижн тек“ од 2023 година. Цената на очилата е 659 евра, или околу 775 долари.
Како што изјави претседателот на компанијата, Стефано Фулсир, Макрон ги поседува овие очила од 2024 година, кога ги добил за време на самитот на Г20 како дипломатски подарок, а подоцна стекнал и дополнителен пар за лична употреба. Макрон ги носеше очилата во Давос за да го скрие пукнатиот капилар на десното око, што го опиша како безопасен здравствен проблем.











