Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави идеалниот тим на континенталниот шампионат што денеска ќе заврши во Данска, Норвешка и Шведска.
Во најдобриот тим се најдоа најмногу играчи од репрезентациите што во Топ-5 на шампионатот, а има и еден од селекцијата на Норвешка. За најкорисен играч на турнирот (МВП) е избран данскиот бек Матијас Гидсел.
Идеалниот тим на ЕХФ за Европското првенство 2026 година:
Голман: Андреас Волф (Германија)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристијансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Кошта (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Кружен напаѓач: Јоханес Гола (Германија)
Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Кошта (Португалија)
Најкорисен играч на првенството – МВП: Матијас Гидсел (Данска)
Европското првенство кулминира денеска со мечевите за поделба на медалите. За бронзата ќе се борат Хрватска и Исланд, а во големото финале се среќаваат Данска и Германија.












