Три години по смртта на својата сакана мајка, популарната поп-пејачка Лидија Кочовска објави многу емотивна порака и сите ги расплака. Врз сликата на која е со мајка си, Лидија напиша зборови кои болат и ја кинат душата: „Три претажни години без тебе. Очајно ми фалиш, мајко.“
Лидија Кочовска беше многу врзана за својата мајка, легендарната пејачка Невена Кочовска, од светски познатиот состав „Мањифико“. Невена важеше не само за вонсериска пејачка туку и за преубава жена, за личност која со сите имаше муабет, комуникација, топли зборови, насмевка. Душа која, за жал, се разболи од неизлечивата Алцхајмерова болест. Нејзините најблиски од најтесното семејство со Невена останаа до самиот крај не оставајќи ни за момент да биде сама додека боледува. Невена Кочовска почина на 25 август во 2022 година на 81-година. Во чест на пејачката со магично грло и златен глас, на која на времето ѝ се воодушевуваа дури и Јосип Броз Тито со сопругата Јованка.
Сопругот на Невена, Панче Кочовски и нивните ќерки Лидија и Тања организираа изложба во Скопје по повод 65 години од основањето на ансамблот „Мањифико“.
Изложбата се одржа во Националната опера и балет, а Панче, Лидија и Тања низ солзи и со многу емоции тогаш ја испеаја нивната семејна химна „Мама Хуанита“. Невена Кочовска беше и остана име за почит. Нека почива во мир со добрите ангели бидејќи и самата беше добар човек.