Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче

324

Во својот завршен збор обвинителката Ана Стојковиќ побара доживотна казна затвор за обвинетите за двојното убиство на детето Вања и велешанецот Панче.

Двете убиства ги извршиле на умислен и на свиреп начин, направи катастрофична животна траума од висок степен, рече обвинителката која нагласи дека обвинетите во текот на судењето не покажале ниту каење ниту жалење за настаните.

Во однос на мотивот за убиството на девојчето кој се проблематизира во јавноста обвинителката рече дека сторителот одговара за убиство на дете и законодавецот не бара чист мотив.

“Не е пречка да биде обвинет и осуден, а мотивот не е услов за тоа бидејќи се докажа дека ги сторил кривичните дела, рече обвинителката и продолжи дека во овој случај нема олеснителни околности за обвинетите напротив нивните олеснителни се отежителни околности бидејќи биле со семејства, биле родители и зрели. Јавноста која доживеа колективна траума ја убедија во нивната бескропулозност и затоа бараме доживотен затвор, заврши обвинителката. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ