среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинителството отвори предистрага за 4.847 дивоградби и сомнително работење во Општина Охрид

Обвинителството отвори предистрага за 4.847 дивоградби и сомнително работење во Општина Охрид

По ревизорски извештај кој откри сериозни неправилности

121

Обвинителството оформило предмет и врши предистрага во Општина Охрид по ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, кој утврдил 4.847 дивоградби, меѓу кои згради и хотели, како и сомнително финансиско работење. Од Обвинителството соопштија дека извештајот бил доставен на 19 декември 2025 година и е проследен до Основното јавно обвинителство Охрид, каде се преземаат проверки.

Ревизијата открила дека Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, не презела мерки за отстранување на бесправните објекти, а урбаната опрема се поставувала без дозволи и платени такси. Според ДЗР, субвенциите за јавните претпријатија од 36,5 милиони денари биле доделувани без програма и без согласност од Советот.

Охридскиот Регион е под заштита на УНЕСКО, а до 1 февруари Македонија и Албанија треба да достават извештај за мерките за заштита, во спротивно може повторно да се отвори прашањето за ставање на регионот на Листата на светско наследство во опасност.

 

ИЗДВОЕНИ