Обвинет е за силување, а на суд помина само 12 минути: Расел Бренд на сослушувањето кажа само неколку зборови

1171
EPA/HERBERT NEUBAUER

Откако беше обвинет за силување и сексуален напад, комичарот и актер Расел Бренд (49) денеска се појави пред судот во Лондон.

Сослушувањето започна во 10 часот, а како што пренесува „People“, Бренд на судот само ги потврдил своите лични податоци. Тој не дал други изјави.

На затвореното рочиште кое траеше само 12 минути, судијата Пол Голдспринг го одобри барањето за кауција и следното рочиште го закажа за 30 мај.

Обвиненијата против Бренд беа поднесени на почетокот на мај и го товарат за силување и сексуален вознемирување помеѓу 1999 и 2005 година. Обвиненијата се однесуваат на четири различни жени. Една жена тврди дека била силувана во Борнмаут во 1999 година. Друга жена тврди дека била нападната во Вестминстер, Лондон, во 2001 година.

ИЗДВОЕНИ