Поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата е обвинет дека за една година , од 2021 до 2022 , потрошил близу 40 000 евра за приватни луксузи. Обвинет е за злоупотреба на службената должност бидејќи од државниот буџет за лична корист трошел на кафани, хотели, такси, рент а кар, туристички аранжмани, а плаќал и костуми кои никогаш не биле сошиени. За курс за менаџери, обвинетиот В.Ц платил 4800 евра, иако немало потреба од тоа, ја ангажирал својата тогашна вереница за надворешен советник, а ја носел и на службените патувања кои чинеле повеќе од 1500 евра. Дополнително според ОЈОГОКК државниот буџет за дополнителни 32000 евра го оштетил со склучување на договори со 18 лица за консултантски услуги, за семинари околу 1000 евра, а на волонтери уште 500 евра. (П.А.)