Обвинение за Крмзов за даночна измама, незаконски вратени над 13 милијарди денари ДДВ

765

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт и обвинителен предлог до Основниот кривичен суд Скопје кои веќе стапија на сила а станува збор за еден од поголемите случаи на даночна измама во последните години Со обвинителниот акт се опфатени седум лица кои се товарат за злосторничко здружување перење пари и даночна измама додека двајца од нив дополнително се обвинети и за даночно затајување Обвинителниот предлог се однесува на три физички лица за несовесно работење во службата како и на 13 правни лица за даночна измама.

Според обвинението на почетокот на 2019 година првообвинетиот заедно со уште двајца обвинети формирал група која преку повеќе фирми имала за цел незаконски да стекне имотна корист преку поврат на ДДВ Фирмите биле формално водени на други лица за да се избегнат законските ограничувања а подоцна во групата се приклучиле уште четворица сопственици и управители на правни лица.

Во име на фирмите обвинетите изготвувале и разменувале лажни фактури за наводна продажба на недвижности иако такви трансакции реално не постоеле ниту пак имало плаќања преку банкарски сметки На овој начин во периодот од 2019 до 2024 година во даночните пријави бил прикажуван повисок влезен ДДВ и неосновано било користено правото на поврат.

Во случајот биле вклучени и сметководители кои како службени лица несовесно постапувале и ги евидентирале фиктивните фактури во даночните пријави поднесени до Управата за јавни приходи со што се овозможило незаконско намалување на даночните обврски

Со ваквите дејствија бил прикажан лажен влезен ДДВ во износ од над 4 милијарди денари а Управата за јавни приходи исплатила незаконски поврат од околу 1 35 милијарди денари Средствата биле префрлани меѓу фирми за да се прикрие нивното потекло користени за купување имот враќање кредити подигање готовина и изградба на станбени објекти при што со околу 457 милиони денари биле покривани и даночни долгови.

Обвинителството побарало конфискација на имот и пари стекнати со кривично дело како и продолжување на притворот за првообвинетиот додека за второобвинетиот се предлага укинување на притвор и определување мерки на претпазливост Во исто време кривичните пријави против пет лица се отфрлени поради недостиг на докази а предметите поврзани со постапувањето на даночни инспектори се доставени на понатамошно постапување до Основното јавно обвинителство Струмица.

ИЗДВОЕНИ