четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Обука за зајакнување на капацитетите на градинките и на основните училишта во...

Обука за зајакнување на капацитетите на градинките и на основните училишта во Ѓорче Петров

49

Општина Ѓорче Петров организираше обука за градење и за зајакнување на капацитетите на градинките и на основните училишта од општината, насочена кон унапредување на образовниот процес, институционалната соработка и искористување на можностите за развој преку меѓународни и меѓуинституционални проекти, вклучително и претпристапните фондови на Европската Унија.

На обуката учествуваа претставници од сите градинки и основни училишта од Општина Ѓорче Петров, а на настанот присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски, кој упати порака за значењето на континуираното вложување во знаењето и во професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар.

– Образованието е наш стратешки приоритет и темел на долгорочниот развој на заедницата. Наставниците и воспитувачите се клучниот двигател на квалитетот во образованието и затоа инвестицијата во нивниот развој е директна инвестиција во иднината на нашите деца – истакна градоначалникот Стојкоски.

Тој нагласи дека ваквите обуки не се изолирани активности, туку дел од еден поширок и континуиран процес што води кон поквалитетна настава, посилни и поотворени образовни институции и поголема подготвеност за идни проекти и партнерства.

– Преку овие обуки ги јакнеме институционалните капацитети, поттикнуваме размена на искуства и градиме самодоверба кај наставниот кадар и кај учениците. Нашата цел е модерно, квалитетно и одржливо образование кое ќе создава млади луѓе што ќе сакаат да ја градат својата иднина токму во Општина Ѓорче Петров – додаде Стојкоски.

Обуката се реализира со поддршка и со експертиза од Секторот за локален економски развој при Општина Ѓорче Петров и е дел од пошироките заложби на општината за модерни училишта и градинки, активно вклучени во современите образовни и развојни текови.

 

 

ИЗДВОЕНИ