среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Обука на наставници за детските права во училиштето „Свети Кирил и Методи“

Обука на наставници за детските права во училиштето „Свети Кирил и Методи“

19

Општина Центар е домаќин на обука на наставници за детските
права. На обуката која се одвива во основно училиште „Свети Кирил и
Методи“, во рамки на проектот „Нашите права“ на Република Словенија, насочен кон унапредување на  образованието за човекови права и правата на детето, присуствуваше и градоначалникот Горан Герасимовски, како и амбасадорот на Република Словенија во земјава
Грегор Прескер, лидерот на проектот Бланка Јамнишек, претставници на Бирото за развој на образованието, и здружението Центарот за човекови права и разрешување конфликти од Скопје  и наставници од повеќе скопски училишта.

-Ова е проект што заслужува особено внимание. Нашите ученици треба да ги знаат своите права за да се почитуваат себеси но и другите.  Чест ми е што домаќин на работилницата е токму центарското училиште „Свети Кирил и Методиј“, најстарото во државата, но секогаш прво во прифаќање нови методи, обуки и трендови во образованието- рече Герасимовски.

Од Општина Центар соопштија дека проектот „Нашите права“ има цел преку обука на наставниците да го зајакне подучувањето и учењето за човекови права и правата на детето, да поттикне почитување и разбирање уште од најрана возраст и да придонесе кон мир и безбедност во заедницата.

-Станува збор за глобален проект што се реализира во 27 земји во
Европа, Азија, Блискиот Исток, Латинска Америка, Африка и Австралија, а е наменет за деца на возраст од 10 до 12 години.
Во проектот се вклучени и деца од малцински заедници, вклучително и ромски деца, додека наставната алатка „Нашите права“ се користи на 24 јазици и е дел од Светската програма за образование за човекови права – информираа од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ