Обожавателите најизненадени: Новиот албум на Тејлор Свифт не влезе на списокот на „Греми“ за 2026 – не доби ниту една номинација

28

Номинациите за наградите „Греми“ за 2026 година се објавени, а обожавателите на пејачката Тејлор Свифт веднаш забележаа големо изненадување, а тоа е што нејзиниот нов албум „The Life of a Showgirl“ не доби ниту една номинација.

Причината за ова е техничка.

Албумот беше издаден по завршувањето на периодот за аплицирање за оваа година.

Издавачките куќи можеа да поднесат проекти што беа објавени помеѓу 31 август 2024 и 30 август 2025 година, додека „The Life of a Showgirl“ беше издаден на 3 октомври 2025 година.

Затоа, албумот ќе биде разгледан само за Греми наградите за 2027 година.

Церемонијата на доделување на наградите „Греми“ за 2026 година е закажана за 1 февруари 2026 година, во Crypto.com Arena во Лос Анџелес, каде што ќе бидат претставени победниците во сите категории.

ИЗДВОЕНИ