понеделник, јули 13, 2026
Дома СКОПСКА Обновено детското игралиште во УЗ „Кузман Јосифовски  Питу“

Обновено детското игралиште во УЗ „Кузман Јосифовски  Питу“

48

Општина Карпош го обнови детското игралиште кое се наоѓа во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“, помеѓу зградите  број 25 и 35, на улицата „Јуриј Гагарин“.

Во рамки на реконструкцијата беа обновени сите детски реквизити и пропратната урбана опрема, со што игралиштето доби нов, побезбеден и пофункционален изглед.

-Со оваа инвестиција значително ги подобруваме условите за игра, рекреација и дружење на намладите жители на овој дел од општината. Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и обновување на останатите детски игралишта на целата своја територија – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму алепираа до граѓаните совесно и одговорно да ги користат и чуваат детските реквизити и урбаната опрема, бидејќи нивното зачувување е заедничка одговорност и придонесува за побезбедна и поуредна средина за сите.

ИЗДВОЕНИ