понеделник, март 2, 2026
Дома СКОПСКА Обновени тоалетите во училиштето „Ѓорче Петров“

Обновени тоалетите во училиштето „Ѓорче Петров“

16

Во ООУ „Ѓорче Петров“ во Општина Ѓорче Петров, заврши обновувањето на ученичките тоалети.

–Со тоа се значително подобрени хигиенските и функционалните услови во училиштето – нагласуваат од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму информираат дека реконструкцијата опфатила нов и функционален распоред, приспособен на потребите на сите ученици, вклучително и на учениците со попречености.

–Во рамки на зафатот се реализирани еден тоалет за лица со попречености, едно трокадеро, четири женски кабини (две стандардни и две приспособени за помали деца), три машки кабини (две стандардни и една приспособена за помали деца), четири писоари (два на стандардна висина и два пониски за помали деца) и по три мијалници во машкиот и во женскиот тоалет, како и во тоалетот за лица со попречености – соопштија од локалната самоуправа.

Притоа, додаваат дека со оваа инвестиција се создадени подобри, побезбедни и похигиенски услови за учениците, како и современ санитарен простор што одговара на нивните реални потреби.

– Вложувањето во училишната инфраструктура претставува вложување во здравјето и безбедноста на учениците. Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи со активности насочени кон подобрување на условите за настава и престој во училиштето – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ