среда, февруари 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обновена фасадата на црквата „Свети Никола“

Обновена фасадата на црквата „Свети Никола“

91

Во Лабуништа, успешно заврши реконструкцијата на фасадата на помошните простории при црквата „Свети Никола“.

Со завршувањето на градежните активности, објектот доби модерен изглед и подобрени услови за користење.

Црковниот одбор изрази благодарност до мајсторите за професионалниот ангажман и за квалитетно изведената работа.

– Со оваа реконструкција, придонесуваме за уредување и зачувување на нашиот црковен имот, кој има големо духовно и историско значење за жителите христијани на Лабуништа. Благодарност до сите што дадоа свој придонес за реализацијата на овој проект – велат од Одборот.

Обновата на фасадата е дел од континуираните напори за одржување и унапредување на инфраструктурата околу црквата „Свети Никола“.

 

ИЗДВОЕНИ