Во страотниот пожар што вчера избувна во неколку облакодери во Хонг Конг и сè уште не е изгаснат, бројот на жртви се искачи на 55, а многумина се хоспитализирани, додека 279 сè уште се водат како исчезнати.
Според официјалните лица, 40 лица загинаа на местото на настанот, а другите во болница. Исто така, 45 лица се во критична состојба.
Двајца директори и еден консултант на градежна компанија се уапсени во врска со пожарот поради „тешка небрежност“. Комплексот бил во процес на обемна реконструкција кога избувнал пожарот.
Tragic news :- At least 36 people were killed, and 279 were missing after Hong Kong's deadliest fire in three decades ripped through high-rise residential towers , prayers for the departed victims
— Manoj (@Nixachar) November 27, 2025
Полицијата соопшти дека пронашла полистиренски плочи што ги блокирале прозорците на местото и се сомнева дека тие, заедно со градежните материјали со слаб квалитет, можеби дозволиле пожарот толку брзо да се прошири.
Иако причината за пожарот сè уште е под истрага, полицијата вели дека мрежи и пластични фолии се пронајдени на прозорците на зградите, кои биле во фаза на реновирање. Полицијата вели дека овие материјали можеби овозможиле пожарот побрзо да се прошири.
Чадот сè уште се издига од некои од облакодерите утрово – но пожарот е под контрола во четири од осумте згради.
Противпожарната служба очекува дека ќе биде потребен цел ден за да се стави пожарот под контрола.
Стотици жители се евакуирани во привремени засолништа, а единици за итно сместување се доделуваат на луѓе кои треба да се преместат. Тринаесет училишта ќе ја прекинат наставата денес бидејќи операциите за гаснење пожари продолжуваат и влијаат на сообраќајот, соопшти Бирото за образование на Хонг Конг.
Портпаролот, исто така, рече дека образовните психолози се испратени во привремените засолништа во близина за да им обезбедат соодветна поддршка на погодените ученици.












