Индонезија го подигна нивото на тревога за вулканот Левотоби Лаки-Лаки на највисоко ниво, откако тој еруптираше осум пати во текот на викендот, соопшти денес вулканолошката агенција на земјата.

Директорот на агенцијата, Мухамед Вафид, изјави дека Левотоби Лаки-лаки, кој се наоѓа на островот Флорес во источна Индонезија, доцна во неделата исфрлал вулканска пепел на височина помеѓу 3 и 5,5 километри.

На жителите од околните градови препорачано им е да носат маски за да се заштитат од вулканската пепел, а туристите се предупредени да не се приближуваат до кратерот на помалку од шест километри оддалеченост.

Исто така постои опасност од лизгање на земјиштето во случај на обилни дождови, поради што се загрозени заедниците лоцирани околу реките што извираат на врвот на вулканот.

Лавтоби Лаки-Лаки има два врвови и е висок 1.584 метри. Вулканот еруптираше во ноември минатата година, кога настрадаа девет лица, беа откажани десетина меѓународни летови, а беа евакуирани неколку илјади луѓе.

ИЗДВОЕНИ