- 2 лажици инстант кафе или еспресо
- 2 лажици вода
- 1 лажица шеќер
- 200 мл кокосова вода
- мраз
Подготовка:
Мешајте го инстант кафето, водата и шеќерот додека смесата не стане лесна и пенеста.
Наполнете чаша со мраз, прелијте со кокосова вода и одозгора додадете пена од кафе, објавува Index.hr.
Наместо кокосова вода, можете да користите и кокосово млеко или кое било друго млеко по ваш избор ако немате кокосова вода.
Неколку дополнителни совети за најдобар вкус:
Користете свежо мелено кафе или квалитетно еспресо за најдобар вкус.
Исто така, изберете 100 проценти природна кокосова вода без додаден шеќер за автентичен вкус.
Ако претпочитате посладок пијалак, додадете мед, агаве сируп или дури и сируп со вкус на ванила.
Послужете во проѕирна чаша за подобар визуелен впечаток и уживајте во вкусен ладен пијалак.
@vitacoco Coconut water coffee hack 🥥☕️ @ispillice #vitacoco #coconutwater #icedcoffee #icedcoffeerecipe #whippedcoffee #coconutwatercoffee #coffeerecipe #foryoupage #fyp ♬ original sound – Vita Coco