Облачно, со врнежи од дожд, утринска магла во одредени котлини

16

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 литри на метар квадартен за 24 часа).

Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини и ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната од 8 до 12 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 9 степени и дневна до 12 степени.

Од УХМР најавија дека локалните врнежи од дожд ќе се намалуваат во попладневните часови.

До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.

ИЗДВОЕНИ