Објавено видео од осомничениот за убиството на Чарли Кирк како бега од местото на настанот

2103
EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ФБИ објави нова снимка на која се гледа осомничениот за убиството на американскиот активист Чарли Кирк како трча по покривот од кој е испукан фаталниот истрел пред да скокне на земја и да ја премине улицата, објавува Би-Би-Си.

Мажот, облечен во црно, се гледа како трча по покривот пред да скокне на земја, објавува Би-Би-Си.

Осомничениот носел очила, патики Конверс и „впечатлива“ црна маица со американско знаме и орел.

Објавени се и дополнителни фотографии од „лице од интерес“, а гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, изјави дека јавноста досега обезбедила повеќе од 7.000 траги и информации.

Претходно, три полициски извори му кажаа на американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес њуз, дека истражителите веруваат дека го имаат името на лице од интерес – но подоцна рекоа дека трагата не била успешна.

Локалните власти велат дека државата Јута планира да побара смртна казна за убиството на Кирк.

Телото на Кирк беше пренесено од Јута во Аризона, во придружба на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс со авионот Air Force Two.

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк (32) беше застрелан на 10 септември на кампусот на Универзитетот во Јута, додека им зборуваше на студентите за масовните пукања и поседувањето оружје. Иронично, неговите последни зборови беа за бројот на масовни убијци во Америка во текот на изминатите 10 години.

ИЗДВОЕНИ