среда, јули 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Објавени телефонски броеви: Пријавете штета или друга итна состојба од невремето

Објавени телефонски броеви: Пријавете штета или друга итна состојба од невремето

23

Кратко, но интензивно невреме со силен ветер го пооди Скопје вчера попладнето, а за денеска е најавено ново невреме од страна на УХМР.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави каде граѓаните кои се погодени од невремето, можат да побараат помош.

-Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.

Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици.

Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.

Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:

📞112

072314929

072314909

02/3297-204

Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен. Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами, напиша Ѓорѓиевски.

Во Скопскиот регион, по 17 часот преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, од кои најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најчести пријави се за паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања на територијата на сите скопски општини.

УХМР објави метео аларм за ново силно невреме во Македонија, по вчерашното кое остави хаос зад себе.

-Денеска ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), велат од УХМР.

ИЗДВОЕНИ