Грчката телевизија АНТ1 прикажа потресна снимка од послендите моменти од животот на триесетгодишниот Стефанис Кемос (30) со потекло од градот Трикала, кој се удави на Лефкада, каде со пријателите ја прославувал ергенската вечер.
На снимката се гледа како момчето се бори со брановите, додека собраните луѓе се обидуваат да го охрабрат да издржи.
Костас Аврамопулос, очевидец на трагедијата откри детали.
„Видов едно момче како трча преплашено, плаче и му вика: не се заморувај, обиди се да останеш мирен, додека тој во во вода се бореше да се спаси“, вели Аврамопулос.
Според изјавите на сведоците, еден човек се обидел да му пријде на помалку од метар, но големиот бран одеднаш го однел.
„Во тој момент човекот во водата се уште беше жив и се обидуваше да исплива, но безуспешно“, рекол друг очевидец.
Како што објави ANT1, Капетанија претходно издала предупредување за силни ветрови и опасно море. Иако познатата плажа на Лефкада била полна со лежалки и луѓе, никој не влегувал во водата, а немало ниту еден спасувач.
Според важечките прописи, општината е должна да постави три спасители на таа локација од 1 јуни до 30 септември.
Инаку Стефанос Кемос кој се удави во Картисми, требало да се ожени за 20 дена.