Објавена новогодишната листа на почести во Велика Британија: Актерот Идриз Елба е прогласен за витез

111
Фото: EPA/ETTORE FERRARI

Британскиот актер Идрис Елба е прогласен за витез, додека селекторката на женската фудбалска репрезентација Селена Вигман, е одликувана со титулата почесна дама на овогодишниот список на почести во Велика Британија.

На листата се наоѓаат вкупно 1.157 добитници, меѓу кои спортисти, уметници и лидери во заедницата, пишува „Би-би-си“.

Англиските европски шампионици, Лавици, се наградени со Орденот на Британската империја за нивниот триумф на Светското првенство во рагби за жени.

Дуото за уметничко лизгање Џејн Торвил и Кристофер Дин се прогласени за дама и витез за заслуги во спорот и волонтерството. Меѓу наградените во светот на забавата се комичарката Мира Сајал, актерот Ворвик Дејвис и водителката Габи Логан.

Орден доби и мецосопранот Алис Кут, а признанија добија и водителот Ричард осман, како и актерите Мет Лукас и Синтија Ериво.

Најмладиот добитник е олимпискиот алпинист Тоби Робертс, кој има 20 години, додека најстариот е Џон Херн, кој има 102 години.

ИЗДВОЕНИ