среда, јануари 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Објавена листа на најсилните армии во светот! Како стои Македонија?

Објавена листа на најсилните армии во светот! Како стои Македонија?

52

„Глобал Фајерпауер“ (Global Firepower) онлајн услуга која годишно ги рангира воените сили на земјите ширум светот, ја објави својата листа за 2025 година. Користејќи 60 фактори за да го одреди индексот на воена моќ на секоја земја – од население, активен воен персонал, опрема, буџет, ресурси, географија до логистика – „Глобал Фајерпауер“ проценува кои нации имаат најмоќни вооружени сили.

Рангирањето се базира на резултатот на PowerIndex (PwrIndx), при што пониските вредности укажуваат на поголема воена сила. Шесте земји на врвот на листата за 2025 година се непроменети од 2024 година.

Тие се:

Соединети Американски Држави
Русија
Кина
Индија
Јужна Кореја
Обединето Кралство
Франција ја замени Јапонија на 7-мо место (минатата година беше 11-та).

Јапонија е на 8-мо место, по што следат Турција и Италија.

Во 2024 година, Пакистан беше на деветтото место, а сега е на 12-то место, додека пред него е Бразил.

Германија напредуваше од 19-то на 14-то место, Израел од 17-то на 15-то, додека Иран падна за две позиции и сега е веднаш под Израел.

Украина исто така се помести надолу, од 18-то на 20-то место.

Романија е на 51-во место, Унгарија на 55-то (двете се рангирани пониско отколку во 2024 година), додека Бугарија не се поместила од 62-та позиција.

Што се однесува до Балканот и земјите од поранешна Југославија, работите стојат вака. Најдобро рангирана е Србија на 63-то место, по неа следуваат Хрватска на 74-то и Словенија на 96-то. Македонија е на 112-то место, Црна Гора на 127-мо и Босна и Херцеговина на 132-ро место. Косово е на самото дно на рангирањето, на 141-та позиција од вкупно 145 анализирани земји.

ИЗДВОЕНИ