четврток, февруари 12, 2026
Дома БАЛКАН Објавена е застрашувачка снимка од излетувањето на трамвај од шините во Сараево...

Објавена е застрашувачка снимка од излетувањето на трамвај од шините во Сараево – се движи екстремно брзо/(вознемирувачко) видео

257
Фото:принтскрин, видео

Сараево денес, 12 февруари, беше потресено од тешка сообраќајна несреќа во која, откако трамвај излета од шините, едно лице загина, а четири други беа повредени, пренесе „Независне новине“.

Снимката што го прикажува моментот на излетувањето на трамвајот од шините беше објавена на социјалните мрежи и федералните портали.

Инаку, трамвајот, кој се движел од Железничката станица кон Башчаршија, излетал од шините на раскрсницата пред Националниот музеј.

Поради насилното исфрлање, возилото целосно ја урнало трамвајската постојка и завршило на главниот пат.

Повредените се итно префрлени во болниците во Сараево, а информациите за нивната состојба е загрижувачка.

 

ИЗДВОЕНИ